Соопштение за јавност
Го избрав патот на општествени промени, на нов напредок и економски развој, патот на европска Македонија во големото европското семејство на државотворни народи, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибина „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва во Гостивар.
Ковачевски рече дека неговата визија е стабилна, економски силна македонска држава, полноправна членка на ЕУ!
-Во тоа верувам и за остварување на оваа визија сум посветен. Македонската иднината да биде сигурна а на граѓаните да им биде подобро. Вие, граѓаните сте мојата сила! Затоа што нема посилна потврда за исправноста на една визија, на една политика за иднината од граѓанската поддршка! Со вас силно и одлучно одиме кон иднината! Кон подобро утре за нашите млади генерации, рече Ковачевски.
Заборувајќи за изминатите десет месеци во кои ја предводи СДСМ и коалициската Влада Ковачевски ги потенцираше одлуките за продолжување на европскиот пат на земјата и реализираните пакети антикризни мерки.