fbpx

Велјаноски: Додека Мицковски е фатен со рацете во медот СДСМ ги решава проблемите на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на ОО СДСМ Гостивар Игор Велјановски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ порача дека СДСМ не се подготвува за избори, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. туку работи да обезбеди европска иднина на државата.

Ние се спремаме Државата да ја изведеме на прав пат и да ја интегрираме во Европската унија. СДСМ за разлика од ВМРО никогаш не калкулирала со рејтингот кога е државата во прашање, истакна тој.

Престедателот на ОО СДСМ Гостивар, нагласи дека СДСМ секогаш е со граѓаните и ги слуша и следи нивните потреби.

Во овој тежок период на економска криза владата на чело со премиерот Ковачевски е спремна да одговори на сите предизвици. Додека Мицковски математички прецизно е фатен со рацете во медот владата на СДСМ хируршки прецизно ги решава проблемите на граѓаните, истакна Велјаноски.

Велјаноски во обраќањето на трибината се осврна на проектите реализирани од централната власт во општина Гостивар, меѓу кои ги издвои реконструкцијата на регионалниот пат Гостивар-Србиново, реконструирњето на магистралниот пат Гостивар-Колари, со санација на сите мостови на него.

Изградени се две градинки во селата Равен и Форино и се врши доградба во детска градинка во Гостивар. Гасификацијата на делница Скопје-Тетово –Гостивар е при крај.Се изврши изградба на колектор и фекална канализација во урбан блок 21.Се прави нов резервоар за зона 3 со 5600 метри кубни капацитет, нагласи претседателот на ОО СДСМ Гостивар на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Гостивар.

Последни вести