fbpx

ОО СДСМ Виница е посветена на новиот начин на делување во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност,  ОО СДСМ Виница

 

Почитувани сограѓани на Виница,

Како што и бевте сведоци во изминатиов период ги заокруживме промените со ново партиско раководство, нови извршни органи на партијата и на централно и на локално ниво во Виница, нови месни ограноци, во интерес на Вас граѓаните на Виница и напредокот на општината.

Заедно со ова се посветивме на нов начин на делување и работење и се обврзавме на заеднички напредок на целокупното општествено живеење.

Ве известуваме дека веќе започнуваме и со теренски активности и средби со граѓаните, во секое маало, во сите села и во целиот град Виница. За нас, зборот важи!

Заеднички тимови од СДСМ Виница со носителите на функции, советници, раководители и директори ќе се сретнат со граѓаните од секој дел на општината за да разговараме за сите Ваши потреби, да одговориме на сите отворени прашања.

На средбите ќе разговараме за проектите и работењето и на локалната самоуправа и градоначалникот но ќе поразговараме и ќе ги претставиме и работењето на централната власт и секако ќе дискутираме за начинот на решавање на сите проблеми и предизвици со кои се соочуваме како граѓани.

Новиот концепт и модел на работа подразбира ставање на граѓаните на прво место и во преден план, и затоа нашите тимови ова лето ќе бидат со вас и до вас како би ги нотирале сите значајни работи и би работеле на нивно решавање и унапредување.

Ве покануваме да се приклучите, да бидете гласни, да давате предлози и сугестии и заедно да продолжиме напред, за подобар живот на сите наши граѓани.

 

 

        

Последни вести