Соопштение за јавност
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Христијан Мицкоски и раководството на опозициската партија по секоја цена се обидуваат да ја попречат правдата.
Единствената цел на Мицкоски е да го брани криминалот на неговиот ментор и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски.
Со неприфаќањето на предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води Јавното обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само бараат алиби за неприфаќање на Предлог законот за Јавно обвинителство.
Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против владеење на правото, против правда и независен и неселективен судски систем.
Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи, предлагаа спојување на СЈО во ОЈО.
Во ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство немаше барање за прекин на мандатот на обвинителката Рускоска.
ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против Рускоска, но откако увидоа дека институциите работат неселективно и по сите прописи, наеднаш тоа почна да им пречи.
Мицкоски не сака да продолжи правдата, му смета гонење на криминалот и затоа побегна од лидерска средба но од правдата нема да избега.
Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата и ќе одговара колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.