Соопштение за јавност
Северна Македонија е лидер во регионот во енергетска трансформација со огромен потенцијал да стане зелен енергетски центар на Европа, иднина во производството на електрична енергија ја гледаме токму во обновливите извори на енергија. Еден од тие капацитети е во Кичевско во електраната Осломеј рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кичево.
Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Овој проект е доделен врз основа на првите транспарентни постапки за премиум тарифи кој е спроведен токму од владата предводена од СДСМ, додаде Ковачевски.
-Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години. Најзначајниот, историски проект „Чебрен“, сега за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Доколку се биде според она што е пропишано во документацијата и барањата конечно ќе имаме инвеститор кој ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект. Е тоа значи одговорен, ефикасен пристап кон енергетиката, сектор во кој 30 години никој не вложуваше и никој не се грижеше, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.