Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ изминативе месеци, речиси секоја недела објавува една до две нови инвестиции и фабрики, што ја покажува прогресивната економска агенда и на СДСМ и на Владата насочена кон постојано носење на странски инвестиции, свеж капитал и добро платени работни места, се со цел справување со глобалната криза и одржување на стабилноста на македонската економија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кичево.
Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000, додаде Ковачевски.
– Заедничката инвестиција на Јангфенг и АРЦ Аутомотив, ја отворивме и втората фабрика на американската компанија „Кемет Електроникс“, канадската МАГНА во зоната во Струга и последна инвестицијата на компанијата од Турција, Текнопанел. Ова е зголемување за 16% за една година. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места. Тоа се конкретните придобивки од менаџерскиот стил на работа, од вистинските социјалдемократски политики, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Кичево.