fbpx

Ковачевски: Проекциите за економијата влеваат надеж, наредната година ќе биде подобра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наредната година ќе биде подобра. Ќе се живее подобро затоа што ќе има ново покачување на пензиите и платите, а тоа се и економските проекциите на ЕБОР за македонската економија со стапка од раст од 2,3 проценти, што е многу повеќе отколку просечниот раст во еврозоната кој ќе изнесува 0.3 проценти, рече на вечерашнава трибина на СДСМ од Кичево претседателот Димитар Ковачевски.

– Моето економско и над 20 годишно менаџерско искуство ми дава за право да ви ветам, дека ќе ја донесам промената што ни е потребна. И затоа вечерва од нашето преубаво Кичево, повикувам на ангажман, повикувам на поддршка. Следете ме на европскиот пат, бидете мој ветер в грб на патот на економскиот развој и напредокот, бидете промената којашто заедно ќе ја донесеме, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Кичево.

Последни вести