fbpx

Лукаревска: Ги помагаме граѓаните и копаниите во време на криза со два пакети антикризни мерки од 760 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ секогаш е на вистинската страна, на страната на граѓаните, на страната на државните интереси. Така е и денес кога со одговорните политики ги започнавме прeговорите со ЕУ, но и кога со навремени и ефикасни мерки им помагаме на граѓаните и компаниите во време на најголема светска економска и енергетска криза, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Струга.

Заменик претседателката Лукаревска нагласи дека во последните неколку месеци над 760 милиони се одвоени за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата.

Ја субвенционираме цената на електричната енергија до 80% за домаќинствата и малите компании, обезбедивме фиксна цена на електричната енергија која е двојно помала од актуелната пазарна цена за училиштата, болниците, но и за производителите на основните прехранбени производи, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека веќе има намалување на цените некои производи, а се очекува дека во периодот пред нас цените на лебот, на млекото и млечните производи, на месото и зејтинот ќе се намалат за над 10 отсто, што ќе значи помали трошоци за семејствата.

Инвестициите во енергетиката се стратешка визија за СДСМ за енергетска транзиција и обезбедување поевтина струја од обновливи извори на енергија.

Во изминатите 10 месеци, само за овој краток период од мандатот на оваа Влада инсталирани се 27 мегавати фотонапонски централи во земјава. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години. За 10 месеци СДСМ направи повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ, рече заменик претседателката Сања Лукаревска на трибината во Струга.

Последни вести