Соопштение за јавност
Мицкоски не го бара она што добро за државата туку бара како да не заостане зад Апасиев. Мицкоски е горд дека е наследник на Ванчо Михајлов, соработник на фашизмот, на лица кои биле на погрешната страна на историјата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Охрид
-Неколку дена зборувам за ова, за реалната закана од Левица за европскиот пат и идеолошкото обезличување на ВМРО-ДПМНЕ. И дали чувте нешто од Мицкоски за Левица? Молчи, штама. Нема што да одговори затоа што тоа е тажната вистина. Мицкоски не го бара она што е добро за државата, туку бара како да не заостане зад Апасиев, рече Ковачевски.
Не смееме да дозволиме пироманот Апасиев и неговиот заложник Мицковски да дојдат на власт и повторно да бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата да ни крахира, додаде Ковачевски
-Нема да дозволиме земјата што ја сакаме да тргне по тој пат. Воопшто не ни требаат опасни пиромани –ни треба нова економска визија. Воопшти не ни треба враќање назад, стоење во место, тоа не е опција, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината„ во Охрид.