fbpx

Зарем треба да ја потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на предметот на СЈО „Титаник“ и на тоа како криминлно местеа избори 11 години?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, почнаа да излегуваат само лажни вести и манпулации, ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните.
 
Зарем треба да ја потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на предметот на СЈО, „Титаник“ и на тоа како криминално местеа избори цели 11 години, да ги потсетиме на „ливче нека снема“, влечење гласачи „за уши“, заканите, уцените, за „пиштење вриштење„?
 
„Титаник“ е предмет на СЈО за изборни манипулации во кои осомничени се поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски и поранешниот секретар на влада, сите од ВМРО-ДПМНЕ.
Како ВМРО-ДПМНЕ ги крадеше изборите и ја газеше волјата на граѓаните јавноста многу добро знае.
 
По демократските избори во нашата земја која е светол пример во регионот, се спроведуваат, слободни, фер и демократски избори, граѓани.
 
Оваа година, 2019 имавме кристално чисти, фер и демократски претседателски избори и предвремени локални избори во Охрид и Ново Село.
 
Во 2018 година имавме слободно изразување на волјата на граѓаните на референдум.
 
Во 2017 година се одржаа слободни, фер и демократкси локални избори.
 
На сите овие фер, слободни и демократски избори, ВМРО-ДПМНЕ загуби, граѓаните јасно си го кажаа својот став.
 
Така ќе биде и на наредните. ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби, ќе загуби повторно на слободни, фер и демократски избори.
Последни вести