Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за состојбата на АД Водостопанство.
Лошото организациско менаџирање поставено од ВМРО-ДПМНЕ е причина за лошата состојба и долговите на АД Водостопанство.
Наспроти игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон АД Водостопанство и нивната единствена ориентација кон криминал, провизии и богатеење, СДСМ го решава наследениот проблем.
Владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство и надлежните институции го препозна проблемот и интензивно се работи на реорганизирање и консолидирање на АД Водостопанство, се со цел наводнувањето на површините низ цела држава да се одвива непречено.
Владата предводена од СДСМ продолжува со решавање на наследените и натрупани проблеми оставени од ВМРО –ДПМНЕ и интезивно работи на подобрување на условите и можностите за работа на земјоделците и вработените во овој сектор.
Скопје, 07.07.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА