fbpx

ВМРО-ДПМНЕ спои криминал и неспособност, затоа резултатот им е само 7 километри автопат за 11 години и бандери на среде пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ поврза криминал и земање провизии со неспособност, а  резултат на тоа за време од 11 години се само 7 километри автопат а оставен огромен хаос, нерешени и натрупани проблеми и бандери на сред пат.

Не се тоа „проекти“ како што зборува ВМРО-ДПМНЕ туку утки.

Сликата со бандерите на среде пат говори за неспособноста  и односот на ВМРО-ДПМНЕ кон потребите на граѓаните.

Затоа само на автопатот Миладиновци-Штип имаше нерешени имотно правни проблеми, свлечишта, непредвидени надвозници, одводни цевки, непремостени инсталации, заштитни огради итн.

За само 2 години сите натрупатни проблеми ги реши Владата предводена од СДСМ и авопатот Миладинови – Штип е пуштен за употреба.

Решени се сите проблеми  и на Автопатот Кичево-Охрид.

СДСМ ги решава проблемите што ги остави ВМРО-ДПМНЕ и интенизвно гради по план!

Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.

За 2 години СДСМ направи повеќе во инфраструктурата од 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Скопје, 07.07.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА 

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести