fbpx

Најава, Граѓанска трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ – Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

Ве известуваме дека денеска 25.11.2022 (петок) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.

Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во:

– Теарце, говорник: Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ
– Брвеница, говорник: Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ
– Желино, говорник: Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ
-Јегуновце, говорник, Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на СДСМ

Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Тетово – Дом на култура „Иљо Антески Смок“ во 20.00 часот.

Пренос во живо во висока резолуција ќе биде обезбеден на официјалниот канал на СДСМ( https://www.youtube.com/user/SDSMtube), на Фејсбук страната на СДСМ (https://www.facebook.com/SDSMakedonija/) како и на Фејсбук страната на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски(https://www.facebook.com/Dimitar.Kovachevski)

Последни вести