fbpx

Започна дистрибуцијата на “Европската младинска картичка”,се обезбедуваат бројни поволности за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Зборот важи!

Проектот “Младинска картичка” започна со реализација, доставени се првите стотина картички до млади на возраст од 15 до 29 години.

На територијата на цела држава над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, кино сали, центри за едукација и развој, спортски центри нудат попусти за нивните услуги.

Проектот “Младинска картичка” обезбедува поволности и придобивки во секојдневниот живот на младите.

Со овој проект ќе се намалат трошоците, но и позитивно ќе се влијае и на личниот развој, едукацијата и социјалниот живот на младите.

Активните младински политики се клуч за задржување на младите дома.

Како одговорна партија, остануваме посветени на обезбедување подобри услови за младите, повисок студентски стандард, помали трошоци и еднаква шанса за сите млади.

Младите и квалитетните младински политики се приоритет за Владата предводена од СДСМ.

 

 

 

Последни вести