fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не изгради метар пруга, во последните две години во железницата е инвестирано многу повеќе отколку за 11 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ не изгради ниту еден метар пруга, не реконструираше ниту еден железнички правец, ниту една железничка станица.

11 години ВМРО-ДПМНЕ буквално го игнорираше железничкиот транспорт, а протестите и блокирањето на пруги од страна на вработените во железницата беа речиси секојдневие. Затоа, денес ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за железницата.

Денес ВМРО-ДПМНЕ како по навика чека несреќи за да ги злоупотреби во дневно политички цели. Причините за оваа несреќа ќе ги утврдат надлежните институции. Добро е што нема жртви, факт е дека веднаш се реагираше и за брзо оспособување на пругата.

Факт е дека за само две години, Владата предводена од СДСМ направи многу повеќе за железницата отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години.

За само две години: 

Се изгради пругата Битола-Кременица.

Се гради пругата Куманово – Бељаковце, а во подготовка е пругата Бељаковце – Крива Пaланка.

Реконструирани се 10 железнички станици, а 2,5 милиони евра се наменети за реконструкција на железничката станица во Скопје.

Потпишан е Договор за грант во висина од 68,6 милиони евра со Европската банка за обнова и развој, преку Инвестициската рамка на Западен Балкан на Европската Унија, наменет за изградба на железничката пруга за поврзување со Бугарија и со Албанија.

Наместо лажна загриженост ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и нека учи како се инвестира и развива железничката инфраструктура.

 

Последни вести