Соопштение за јавност
Само со неколку нови инвестиции изминативе месеци се отворија нови 1.700 работни места. Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во Тетово.
-Само во минатиот месец, октомври, во ТИРЗ зоните се отворија 500 нови работни места со високи плати.Само од неколку нови инвестиции кои ги објавивме изминативе неколку месеци се отвораат нови над 1.700 нови работни места. Мојот економски план и во услови на криза создава предвидлива бизнис клима и поддршка на компаниите кои работат на раст и развој и отворат нови работни места, порача вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од трибината во Тетово под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.
Не трошиме ниту еден денар од Буџетот за џабе. Не плаќаме економски промотори, нема роуд шоуа, нема реклами на Си Ен Ен. Има работа, труд, менаџмент и знаење. Има реални политики, системски решенија има функционални институции кои градат поволна бизнис клима која ја става македонската економија меѓу првите три најатрактивни економии за инвестирање, рече Ковачевски.