fbpx

Ковачевски: Македонското општество мора да граби напред кон европска и економски напредна држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавнист

На нашето општество не му треба враќање назад, туку визија за европска и економски напредна држава, јас таа европска и економска визија можам да ја преточам во реалност. порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Штип на граѓанската трибина под мотото „Силно и одлучно кон иднината“

Со сето мое менаџерско и економско искуство, со нов економски план можам да ја донесам општествената промена којашто ни е потребна. Потребна ми е поддршка, заедно со вас, заедно со граѓаните да ги направиме промените и наредната година да се случи економскиот пресврт. Заедно да изградиме европска Македонија, која ќе биде центар на зелена енергија, рамноправна членка на ЕУ, држава на можности за младите, држава сигурна за пензионерите. Да живее Штип, да живее СДСМ, да живее европска Македонија, рече Ковачевски.

Последни вести