Соопштение за јавност
Темпото и реализацијата на капиталните инвестиции предвидени во ресорот на министерството на транспорт и врски покажува одлично ниво на реализација.
По период на надминување на затекнатите административни пречки, реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот транспорт и врски, во последните месеци бележи одлична реализација.
Заклучно со јуни, проектот за гасификација на државата е со 50 проценти на реализација.
Паралелно, во моментов се работи на изградба и рехабилитација на 44 патишта во вкупна должина од 550 километри.
Истовремено, се инвестира и во проекти од комуналната инфраструктура. Се реализираат 28 проекти за изградба на 187 киломтри комунална мрежа која ќе опслужува околу 225.000 жители.
Со 100 процентна реализација е процесот на изградба на социјалните згради. Една од приоритетните мерки со која се води вистинска грижа за најранливите категории преку обезбедување на дом за живеење на територијата на цела држава.
Зборот важи! 2019 станува година на економијата и развојот