Соопштение за јавност
Продолжува напредокот кон полноправно членство во НАТО алијансата.
Унгарскиот парламент едногласно со 153 гласа „ЗА“ го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз НАТО.
Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на Северна Македонија во НАТО Алијансата.
Темпото со кое државите-членки го ратификуваат Протоколот потврдува дека наскоро нашата држава станува 30 земја членка на НАТО.
Се остварува децениски национален и државен интерес.
Приклучувањето во НАТО покрај безбедноста и сигурноста, носи и економски придобивки, повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард.
Како државотворна и одговорна партија остануваме посветени на остварување на врвните национални и стратешки интереси како што е интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Скопје, 26.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА