fbpx

Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Колку е лицемерна криминалната ВМРО-ДПМНЕ покажува тоа што  Димитар Димовски држи прес-конференции од белиот дворец.

Димовски треба да одговори за случајот „Топлик“ кој го води СЈО и во кој токму тој е обвинет.

Димовски има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“ заедно со Христијан Хидро Мицкоски. Токму фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел, го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски.

Димовски во јавноста е познат и по тоа што во времето на владата на Груевски беше десна рака на Миле Јанакиевски, против кого се водат многубројни судски процеси.

ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за правда и отчетност, тоа за нив е апстрактен поим.

Времето кога институциите беа злоупотребувани за заштита на криминалот на Груевски, фамилијата и блиски соработници, заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, пред правдата се еднакви сите, секаде каде што постои законско и морално прекршување ќе следува одговорност.

 

 

 

Последни вести