Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за економијата.
Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ е навикнато парите да завршуваат во нивниот луксузен дворец и на оф шор фирмите во Белизе затоа не го разбираат концептот за враќање пари кон граѓаните.
По 11 години економска стагнација, осиромашување на граѓаните, меѓународна изолација, оддалечување од ЕУ и НАТО државата е крената на нозе и чекори напред.
За само 2 години од заробена држава станавме светол пример во регионот.
Парламентите на 19 членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристапување во Алијансата, а по најпозитивниот извештај на Европската комисија и заклучоците на Советот на министри, нашата државата годинава ќе започне преговори со ЕУ.
Економијата од негативни -1,8 проценти во времето на ВМРО-ДПМНЕ и стагнација, сега расте и се развива со добро темпо, затоа имаме раст од 4,1% на БДП.
Просечната плата се зголеми за околу 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.
Минималната плата е зголемена од 9.000 на 12.500 денари.
Невработеноста е намалена на историски најниски 17,4 проценти, отворени се околу 50 илјади нови работни места.
Успесите на Зоран Заев на меѓународен и економски план математички прецизно се за подобар живот на сите граѓани, а овие лекции ВМРО-ДПМНЕ уште многу време ќе треба да ги учи.
По постигнатиот успех на меѓународен план во последните две години, следуваат храбри чекори во економијата и социјалната политика и финансиите, а на чело на оваа економска иницијатива ќе биде премиерот Зоран Заев.
Премиерот Заев е фокусиран на економски резултат, уште позасилено, за подобар животен стандард на сите наши граѓани.