Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не го разбира враќањето на парите кај граѓаните. За нив е комично граѓаните да добиваат пари, а сериозно го сфаќаат само земањето пари од граѓаните.
Друго и не може да се очекува од партија која изгради скапоцен дворец во време на најголема сиромаштија и огромни долгови.
Повратот на 15 отсто од платениот Данок на додадена вредност за граѓаните кој обезбедува приход плус во секое семејство е мерка со која за првпат граѓаните добиваат пари директно од државата.
Повратот на ДДВ е последна од низата мерки со која се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ е непознат концепт, бидејќи партијата 11 години години ги земаше парите од граѓаните за остварување на криминални и бизнис интереси.
ВМРО-ДПМНЕ ја укина евтината дневна тарифа на струјата, а електричната енергија поскапе за 100 отсто. Денес со воведувањето на евтината дневна тарифа, граѓаните плаќаат значително помали сметки за електрична енергија.
Драконската казнена политика преку која ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци и само го полнеше буџетот, денес е сменета со фер казнена политика на опомена пред казна, а казните се намалени и до 75 отсто.
Покрај намалување на трошоците, истовремено растат платите и пензиите, а социјалната помош расте и до 300 отсто.
Ова е суштинска разлика помеѓу СДСМ која преку одговорни политики обезбедува повеќе пари кај граѓаните, и ВМРО-ДПМНЕ која како власт цела деценија земаше од граѓаните, а денес не може да се помири што парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец.
Скопје, 23.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА