fbpx

Ковачевски: Со новата економска визија и Буџетот за 2023 година влегуваме во офанзива, ќе биде подобро

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во буџетот за следната година, предвидовме пари за повторно покачување на минималната плата, растат и пензиите, за дополнителни 6%, а тоа значи дека на 330.000 пензионери во рок од една година пензијата ќе им се покачи за 16%, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Куманово.

Претседателот порача дека политиката што ја води е рационална и промислена, дека тоа е политиката на иднината на оваа земја, но и дека претстои уште работа.

-Имаме уште многу работа, има уште доста пат до безбедниот брег, но македoнската економија ќе расте и ќе напредува и следната година ќе биде подобра. Ова го поткрепуваат и предвидувањата на ЕБОР дека македонската економија во 2023 година ќе има раст од 2.3 отсто. Многу повеќе од проекцијата за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Ниту едно општетство не може да има иднина, да се развива без економски напредок. Со мојот резултат во изминатите 10 месеци, со економскиот план и со многу работа заедно ќе успееме да ја пребродиме и последната фаза од глобалната криза, им порача на граѓаните претседателот Ковачевски.

Последни вести