fbpx

Додека цел демократски свет го препознава успехот, ВМРО-ДПМНЕ останува осамена во деструктивното и антидржавно однесување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја промаши адресата.

Вистинската адреса за извор на лажни вести е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и најнеуспешен министер за надворешни работи кој бесрамно шири лажни вести кои се официјално демантирани.

11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно работеше протви интеграција и ја оддалечуваше државата од ЕУ и НАТО, а денес како опозиција се единствените противници на успехот и напредокот во евроинтеграциите.

Членството во НАТО е извесно, а Република Северна Македонија ќе започне да преговара со ЕУ годинава. 

Покрај заклучоците на Советот на министри и најпозитивниот Извештај на Европската комисија, денешна изјава на германската канцеларка Ангела Меркел, во која јасно посочува ќе стори сѐ за да се одреди датум за почнување на преговорите со Северна Македонија за влез во ЕУ до октомври, е последната потврда за успешноста на реформите и постигнатиот напредок.

Секоја оговорна полтичка партија која и мисли добро на својата татковина и на граѓаните би го честитала напредокот на државата и остварувањето на еден од врвните стратешки и национални интереси – членството во НАТО.

Но, тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ која предводена од Христијан Мицкоски останува заглавена во матрицата на деструкцијата и антидржавно однесување, останува осамена против напредокот и интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Последни вести