fbpx

Милошоски да си поднесе оставка од функцијата пратеник откако се докажа дека шири лажни вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Најнеуспешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски лажеше додека беше на власт, а лаже и денес како пратеник од опозицијата, на штета на сопствената држава.

Не успеаја лагите на Антонијо Милошоски во кои тврдеше дека дури 7 земји членки се против нашата држава да ги започне преговорите со ЕУ. Таквите лаги и официјално се демантирани.

Се потврди дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ свесно шири лажни вести против државните интереси и интересите на граѓаните.

Откако се докажа дека свесно лаже, Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.

Граѓаните не заслужуваат пратеници кои свесно кажа и манипулираат. Милошоски не е достоен да ја врши функцијата пратеник.

Последни вести