Соопштение за јавност
Потребно е национално и општествено обединување околу европскиот пат на земјата, затоа што колку сме посплотени толку нацијата е посилна и полесно ќе ги остварува врвните државни цели, порача вечерва од Чучер Сандево, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
На состанок со членови и симпатизери од партијата во оваа општина Зечевиќ додаде дека СДСМ е државотворна партија вкорената во македонската државност, во меѓународното етабилирање на земјата и стожер на европската индина.
-Соверемениот патриоризам повикува на национално и општествено обединување. Колку сме посолотени толку нацијата е посилна и полесно може да ги остварвува зацртаните цели. Да ја направиме нацијата толку силна, да ги направиме заедно чекорите кон ЕУ и да ја обезбедиме иднината. Со тоа ги обезбедуваме и нашите суштински обележја: јазикот, историјата, културата во времето што доаѓа, рече Зечевиќ.