Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е против враќање на повеќе пари назад кај граѓаните, не може да се помири што парите завршуваат кај граѓаните а не во нивниот скапоцен дворец или во џебовите на фамилијата.
Токму ВМРО ДПМНЕ 11 години ги крадеше парите од граѓаните заради лично богатење додека граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.
За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ реализира серија мерки и се повеќе пари се враќаат кај граѓаните, во семејствата.
Со мерката поврат на 15 отсто од ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината кај секое семејство.
Ова е последна од низата мерки кои обезбедуваат помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните.
Со укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, намалувањето на извршителските, адвокатските, нотарските и катастарските трошоци, како и воведувањето на европската младинска картичка се намалуваат трошоците но и се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.
Само со мерката за воведување евтина тарифа над 11 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво.
Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ парите ќе продолжат да се враќаат назад кај граѓаните.
Скопје, 19.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА