fbpx

Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатен како лаже, ниту една земја членка не била против нашата земја да започне преговори со ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Соопштение за јавност

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски повторно е фатен како ги лаже граѓаните.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, немаат идеја, немаат програма, шират лажни вести, безобрано и дрско лажат.

Не е точно дека која било држава e против Република Северна Македонија да започне преговори за влез во ЕУ, како што лаже Милошоски.

Напротив, ниту една земја членка не била против нашата земја.

Во заклучоците на Советот на министри на ЕУ одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

Заклучоците на Советот, како и најпозитивниот Извештај на Европската комисија се јасно и недвосмислено признание за постигнатите успеси на Владата предводена од СДСМ.

Недостојно и недозволиво е пратеник да ги лаже граѓаните за теми кои се поврзани со остварувањата на врвните национални и државни интерес како интеграцијата во ЕУ.
Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник за која што не е достоен да ја извршува.

 

Скопје, 19.06.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести