fbpx

Шекеринска: Не сакаме заради домашна политика, да ги загрозиме државните интереси, промените ќе продолжат и во Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Низ процесот на промени, како партија докажавме дека сме свесни за одговорноста дадена од граѓаните и затоа кадровските промени во СДСМ не треба да се гледаат како замена за кадровските промени на државните позиции, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во емисијата Топ тема 

– Ветивме промени и во партијата и на државните позиции, но водевме сметка за државните интереси и периодот во кој се наоѓавме а беше тесно поврзан со евроинтегратицните процеси. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси. Најавивме реконструкција и таа ќе се случи. Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во Собарнието, порача Шекеринска.  

Осврнувајќи се на внатрепартиските промени,Шекеринска истакна дека освен персонални решенија, следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.   

 

Скопје, 17.06.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести