Соопштение за јавност
Безидејната ВМРО-ДПМНЕ наместо конкретна програма, идеи и предлози останува заглавена во матрицата на Никола Груевски на ширење на лажни вести и измислици.
ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со месеци лажеа за градење кампови и станови за мигранти, лажеа за наводни федерализации и кантонизации. Денес, Христијан Мицкоски по стапките на Груевски лаже за наводни редефинирање на државата и политичкиот систем.
Уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо нив не се променило, Мицкоски е ист како Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што се против напредокот, против интеграција на државата, со ваквите невистини очајно се обидуваат да го вратат времето на поделби и тензии во кое со години ја држеа државата заробена.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не можат да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција, единствените што навиваат за неуспех на државата.
Но, Мицкоски треба да знае дека со ниту една измислица нема да ја врати државата назад во темното минато на поделби, деструкција и изолација. Колку и да не му се допаѓа, по години стагнација,државата сега оди напред и враќање назад во мрачното минато нема да има.
Скопје, 17.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА