Одговор на новинарско парашање на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски
Интегрален текст:
Што се однесува до хаосот во Скопје, хаосот што во овој период му се случува на градот Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски.
Граѓаните мора да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт во Скопје. Предлози односно кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија во градот Скопје, вклучително и во ЈСП и тие ја имаат целосната одговорност за тоа што денес се случува во Скопје.
Наместо да работат за граѓаните и за градот тие кадри на ВМРО-ДПМНЕ вклучително и градоначалничката на Скопје, бидејќи градоначалничката на Скопје е предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Цела кампања на градоначалничката на Скопје ја водеше ВМРО-ДПМНЕ.
Вие сте новинари којшто се искусни, вие се сеќавате на последните локални избори бидејќи известувавте од нив. Јас бев во штабот на СДСМ. Во штабот на СДСМ тогашниот претседател на СДСМ одржа прес-конференција на која што му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и на градоначалничката Арсовска и како резултат на поразот на СДСМ и победата на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска како политички највисок чин, тој поднесе оставка и од претседател на партија и од претседател на Влада.
Исто така вие присуствувавте во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше прешекана со трубачи со песната Бела Чао. Таа беше облечена во бел капут, цело ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани стоеше пред зградата и ја пречекаа свечено. На бината во прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во ново блузонче со патент заедно со цело раководствоја пречекаа и кажаа дека го освоиле Скопје. Градоначалникот на Скопје претседавачот на град Скопје се од ВМРО-ДПМНЕ, членови на управни одбори, директори се членови на ВМРО-ДПМНЕ, и немаат никаква врска со СДСМ којшто е во опозиција во градот Скопје.
Тие кои што победија во градот Скопје треба да знаат една работа, никаде ништо не работат. На 14 јануари кога се бираше мојата Влада, Скопје немаше парно.
Тоа е обврска на градот Скопје и на тие кои што го водат град Скопје, мојата Владата беше избрана на 16 јануари, на 17 јануари јас држив две седници на Влада на кои што морав да ги преземам ингеренциите за затоплување на градот Скопје, и само заради тоа градот Скопје има затоплување.
Тие сакаат знаете што да направат истото што го прават денес, ова што се случува во Скопје е организација на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и на никој друг, тоа е нивно организација.
Сакаа на 17 јануари Скопје да нема парно ако Скопје нема парно греење електричната мрежа во Скопје не може да издржи потрошувачка на толку многу грејни тела кои што би се вклучиле во Центар, во Карпош, во делови на Кисела Вода и така натаму 60 илјади домаќинства доколку додадат грејни тела нема да издржат трафостаниците, тоа ЕВН го кажува, и затоа го презедовме.
Сите вие добивате сметки за парно дома кои што се субвенционирани од страна на Владата, градот Скопје не го интересираше, исто како што не го интересира превозот, и каде настана проблемот кога седнаа победниците на изборите тогаш видоа дека има оставено проекти од СДСМ, од градоначалниците кои што пред тоа беа и раководителите на институции.
БАС рапид транспорт, пречистителна станица во Скопје, клучката кај Момин Поток, патот кон Визбегово, обврската да се направат кружните текови кај Нова Македонија за да се поврзе подземната сообраќајница под Лимак, мостовите кај Љубљанска и АСНОМ. Кажете ми една работа што е направена?
И кога се испокараа за провизии, според она што тие се обвинуваа на телевизија, самите излегоа се обвинуваа на телевизии, кога се испокараа за провизии им текна генијална идеа, градоначалничката на Скопје сега била со нас.Како била со нас?
Не стоев јас со трубачи пред СДСМ. Таму беа трубачите, во ВМРО-ДПМНЕ. Ние честитавме победа на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за град Скопје. Кажете ми што е направено во Прилеп, во Битола, во Штип, во Кочани, еден проект кажете, нема ништо. Ако почнат и таму да се караат ќе почнат да викаат дека и тие со мене се гледале.
Ниту сум имал тајни средби ниту ќе имам тајни средби. Јас сум човек којшто сите мои средби ги најавува и транспарентно од сите има соопштение. Така било од прв ден до денеска и така ќе продолжи да биде и во иднина.
Самонаречениот градоначалник на Скопје, Мицкоски, мнозинството во советот од ВМРО-ДПМНЕ, членовите на управните и на надзорните одбори, од ВМРО-ДПМНЕ, се единствените виновници што денеска Скопје е заглавен град. Исто како што беа виновници што 11 години Северна Македонија сега, тогаш Македонија, беше заглавена држава според сите извештаи на сите меѓународни институции. 5 години ни требаше на меѓународните рангирања да ја вратиме државата во групата на земји во кои владее демократија.
Она што му го направија на Скопје, со проектот Скопје 2014 година, за којшто сега доаѓа да се враќа обврзницата. Тоа што го плаќаа, над пола милијарда евра сега доаѓа да се враќа, затоа Бесими информираше дека идната година мора да обезбедиме 1,5 милијарди евра за враќање. Над половина милијарда е стиропорот што паѓа овде околу зграда кога ќе дојдете. Тоа е таа евро-обврзница, тоа е Скопје 2014 што сега ќе го враќаат сите граѓани.
После таа катастрофа што му ја направија на Скопје, истите тие, со истите тие кадри, го заглавија целото Скопје.
Знаат скопјани дека ова ВМРО-ДПМНЕ го прави. Па погледнете денеска кој држи прес конференции, истите луѓе што беа во кампања на Данела Арсовска. Цел недела држат прес конференции а тоа е нивна организација. Дрисла ја затвориле, цело Скопје го блокирале. Зошто? Затоа што не ги бива.
Една работа ќе им порачам. Јас овде излегувам заедно со министрите со конкретни проекти. Нека не се замајуваат со отворени денови по општините па сега ќе собирале идеи. Тие дојдоа со програма на локални избори на власт, во секоја општина и градот Скопје. Нула имаат реализирано.
Уште една работа ќе им порачам. До следните локални избори има уште 2 години и 10 месеци. Лета времето.