fbpx

Зечевиќ во Старо Нагоричане: СДСМ ги поставува темелите на новите државни доктрини за иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е државотворна партија и одговорен политички фактор на стабилност, кој ги поставува темелите на новите државни доктрини за европска иднина на државата во констелацијата на глобалните позиционирања на геополитичката карта, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва на состанок со партиски членови и симпатизери во Старо Нагоричане.

-Како социјалдемократи подготвени сме и пружиме рака за општествено обединети да го креираме современиот наратив на новата европска иднина, како суштина на новиот патриотизам. Треба меѓу себе да се почитуваме, за потоа да нѐ почитуваат другите. Мора да си подадеме рака еден на друг, наместо подметнувања – обединување, наместо раздор – сплотување на сите човечки потенцијали, наместо делење по сите национални шевови – да изградиме заеднички национални столбови. Разединето општество не може да нè однесе напред. Ние мора да се обединиме за европската иднина и економскиот развој, да го заштитиме наште достоинство, нашата самобитност, нашиот идентитет во големото европски семејство, рече Зечевиќ.

Последни вести