fbpx

Ургенции и партиски вработувања се одлика на времето на ВМРО ДПМНЕ, денес сите граѓани имаат еднакви шанси и пристап за вработувањe

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партијата симбол на непотизмот.

11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ се 11 години на обезбедување и сместување на блиското  семејство и роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ на работни позиции резервирани исклучиво само за нив.

Затоа ВМРО  ДПМНЕ кога зборува за оваа тема треба да се обрати до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се класичен пример за непотизам.

Се додека  нивните роднини не се повлечат од работните места ВМРО-ДПМНЕ нема образ пред граѓаните да зборува нешто на оваа тема.

Државната комисија за спречување корупција потврди дека во десетици случаи раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку директни ургенции и влијанија отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини.

Христијан Мицкоски, Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев, Анастасија Илиевска, Димитар Стевананџија, Спиро Ристовски се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции.

Времето на непотизам и партизација на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија сврте нов лист.

Денес градиме и се залагаме за општество со еднакви можности за сите. Институциите функционираат транспарентно, огласите се јавно достапни, а за секое вработување кандидатите треба да ги исполнуваат потребните критериуми и да имаат соодветни компетенции.

ВМРО-ДПМНЕ треба да учи што е државничко и одговорно однесување, да ги почитува одлуките на ДКСК и да ги повлече сите роднини од работните места.

 

Скопје,  11.06.2019                                              

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести