fbpx

11 години ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо да ги задржи младите, денес преку квалитетни младински политики се подобрува животот на младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што ги игнорираше младите и нивните потреби, туку со криминалните политики го поттикнуваше масовно иселување на младите од државата.

Поради криминалот на ВМРО ДПМНЕ и желбата фамилијата да приграби се што може, се празнеа селата и градовите, училиштата а не се преземаше ништо да се спречи тоа.
Голготата на младите заврши со падот на режимот на Никола Груевски, кој се уште управува со оваа партија од Будимпешта.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ во последните две години Владата предводена од СДСМ презема и реализираа низа мерки и проекти кои го олеснуваат животот на младите.

Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот „Европска младинска картичка“ се намалуваат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.

Преку програмата Гаранција за млади, минатата година 1.839 млади се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица.

Стапката на невработеност е падната на историски минимум од 17,8 отсто, а особено важен е фактот дека пад на невработеноста најмногу има кај младото население и кај нив невработеноста е намалена за околу 10 отсто.

Со реализација на Европската младинска картичка се очекува најмалку 30.000 млади да ја искористат можноста за намалени трошци и попусти во над 300 субјекти од областа на спортот, културата, превозот, угостителството и други дејности.

Владата предводена од СДСМ продолжува вистински да се грижи за младите преку проекти и политики со кои се подобрува младинскиот стандард, со цел младите да останат во државата и тука да градат иднина.

 

Скопје, 10.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести