Левица и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена настојуваат да го загрозат европскиот пат на државата.
Левица, која е повеќе десница, има за цел создавање хаос во земјата. Тие се уште поопасни бидејќи во заложништво го имаат земено Христијан Мицкоски и обезличената ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се натпреварува со Левица во популизам и радикализам, во правење штета за граѓаните.
Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се комбинација за хаос и деструкција.
Двоецот Мицкоски – Апасиев можат на државата да и понудат само изолација, омраза и поделби меѓу граѓаните, конфликт со соседите, масовно иселување на младите.
СДСМ и граѓаните нема да дозволат Мицкоски и Апасиев да ја вратат државата во темното минато.
Иднината на Македонија е европска.