ВМРО-ДПМНЕ во очај измислува конструкции и непостоечки афери, со цел да се наруши угледот на министерот за внатрешни работи.
Случајот за кој денеска зборува ВМРО-ДПМНЕ е целосно расчистен, виновникот е лоциран и санкциониран, а нелегалните флешери се отстранети од автомобилот.
Истовремено, како што информира МВР, покрената е и дисциплинска постапка против полициските службеници кои се обиделе да го прикријат строителот и да ги запрат дејствијата.
Во последните неколку години, македонската полиција е високо професионализирана и силно мотивирана во откривање и спречување кривични и прекршочни дела, а времето на недопирливи за полицијата заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.