Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа единствените кои не го признаваат успехот и најпозитивниот Извештај на Европската комисија и гласно навиваат да не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ.
Низ јавните настапи на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ делува како Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, почнала да ги пишува прес конференциите на опозициската партија каде јавно велат дека се против процесот на интеграција.
Таквото однесување не изненадува ако се знае дека денешните соработници на Мицкоски, како Каракамишева, Александар Николовски и Антонијо Милошоски беа дел од режимот на Груевски кој 11 години ја држеше државата заробена во изолација, криминал и сиромаштија.
За само две години, од заробена држава денес сме светол пример во регионот. Колку и да е нприфатливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава е де факто 30та членка на НАТО и доби кристална безусловна препорака за почеотк на преговорите со ЕУ.
Граѓаните избраа иднина, интеграции, повисоки плати, професионална администрација и кажаа НЕ на деструктивноста, изолацијата, сиромаштија, и антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Скопје, 08.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА