Соопштение за јавност
Очајната ВМРО-ДПМНЕ е единствена која не може да се помири со успехот на државата потврден со најпозитивниот Извештај од страна на Европската Комисија.
За само 2 години од заробена и задолжена држава, Владата предводена од СДСМ земјата ја претвори во светол пример со силна и конкурентна економија.
Многу јасно Европската Комисија позитивно го оценува растот на минималната плата и зголемувањето на економскиот раст.
Во Извештајот нотирано е подобрување на управувањето со јавните финансии и транспарентноста, и позитивно се оценети реформите за оданочување на приход и системот за пензии.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба добро да го прочитаат најпозитивниот Извештај од ЕК, а потоа да гледаат и да учат како се работи во интерес на економијата и државата.
Минималната плата се покачи и изнесува 12.507 денари, со тенденција да порасне на 13.000 денари во следниот период.
Отворена е спиралата на раст на платите и за само 2 години просечната плата е зголемена за 2.000 денари.
Од минусното салдо од -,1.8 отсто на БДП во вториот квартал на 2017 година, економските политики на Владата на СДСМ овозможија раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година.
За две години без ниту еден денар потрошен за промоција беа обезбедени 20 нови странски инвестиции, а во 2018 година е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.
Невработеноста е намалена под 20 проценци, историски најниско ниво досега.
Создаваме силна и конкурентна економија. Владата предводена од СДСМ останува посветена на зголемување на животниот стандард и враќање на парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструкцијата и антидржавното однесување.
Скопје, 06.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА