fbpx

Очигледно диоптерот им го штелува Груевски, ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот и најпозитивниот Извештај од ЕК

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со успехот и напредокот на сопствената земја.

Додека демократскиот свет го поздравува напредокот на државава и не посочува како светол пример, ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои не можат да се помират ниту да се израдуваат со успехот на земјава.

Очигледно диоптерот за погрешен поглед на реалноста им го штелува Никола Груевски, кој се уште управува со партијата од Будимпешта.

ВМРО ДПМНЕ денес лажно обвинува за криминал и за корупција и тоа од белиот дворец, симболот на расипништвото, криминалот, корупцијата и забеганоста на нивниот режим.

Токму затоа државава добиваше замрзнати препораки и беше оценувана како заробена држава во времето на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо празни и лажни обвинувања ВМР0-ДПМНЕ треба да се ослободи од криминалната матрица на Груевизмот, да го прочита најпозитивниот Извештај на ЕК за нашата земја и да честита за напредокот.

Во извештајот јасно е наведено дека Владата презеде чекори за враќање на уставните механизми, како и за јакнење на демократијата и владеењето на правото.

Конкретни резултати беа постигнати во клучните области идентификувани со Заклучоците на Советот, како што се правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на разузнавачките служби и јавната администрација, стои во Извештајот.

Сега ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека е за право и борба против корупција и криминал. Нека го поддржат Законот и да прифатат продолжување на мандатот на СЈО.

 

Скопје, 02.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести