Соопштение за јавност
Добвме најпозитивен Извештај од ЕК, безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ а земјава се посочува како светол пример во регионот.
Постигнатиот напредок во рефомите во повеќе сектори е признаен и соодветно вреднуван од страна на Европската комисија.
Во однос на младинските политики, од страна на Европската комисија е поздравена мерката „Гаранцијата за млади“ за која се вели дека е многу важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.
Токму преку оваа мерка, изминатата година се вработија 1.839 млади лица.
Како што е наведено во Извештајот, направен е добар прогрес и во заштита на човековите права и слободи. Комисијата констатира зголемена заштита од говор на омраза и дискриминација.
Во Извештајот се наведува и дека условите за работа и функционирање на граѓанското општество и понатаму се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес.
За две години од заробена држава, Република Северна Македонија е светол пример во регионот.
Тоа е признание за реформите, за политиките на владата предводена од СДСМ, но и мотив да се продолжи со евро-атланскиот курс во интерес на граѓаните, на младите и иднината на државата.
Скопје, 02.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА