fbpx

Најпозитивниот извештај е признание за успехот на реформите на Владата предводена од СДСМ, да продолжиме напред, по евроатлантскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ.

Значајниот економски раст,, зголемената минимална плата, имплементацијата и реформите во судството согласно меѓународните стандарди и практики, видливите резултати во борбата против корупцијата, реформата на безбедносните служби, транспарентноста во јавната администрација, слободата на говор и медиумите, се само дел од успесите кои се нотирани во најпозитивниот Извештај на Европската Комисија за нашата држава.

Извештајот на Европската Комисија е доказ за успешноста на политиките и реформските процеси на Владата предводена од СДСМ кои носат подобар живот за сите граѓани.

Република Северна Македонија е блескав пример во регионот за носење храбри и државотворни одлуки поради кои државата бележи прогрес и  интеграции.

Остануваме посветени да продолжиме напред, по евроатлатнскиот пат.

Ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси, градиме европска држава која негува концепт на фер општество што нуди подеднаква шанса за сите.

 

Скопје, 31.05.201

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
Последни вести