fbpx

Започнува аплицирањето за мерките од социјалната реформа, над 73.000 деца ќе користат детски додаток, а над 64.000 образовен додаток

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од денеска, започнува реализацијата на мерките од новата социјална реформа целосно го преобразува системот за социјална заштита и трајно извлекува од сиромаштија.

Тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари од денеска можат да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може надоместоците да ги добијат со исплатата во текот на идниот месец.

Една од новините кои ги носи оваа реформа е тоа што се проширува достапноста на детскиот и образованиот додаток за 20 пати повеќе деца. А освен домаќинствата кои примаат социјална помош право на овие додатоци ќе имаат и други домаќинства.

Наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, сега детскиот додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136, наместо 3.800 деца како досега.

За прв пат , корисниците на Гарантираната минимална помош, ќе добијат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, сега се трансформира во право на додаток за образование.

Се воведува и мeрката траен надоместок. Родител кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари месечно.

Се обезбдува и паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.

Ова се дел од мерките што со воведувањето на социјалната реформа обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, ја намалуваат детската сиромаштија и ги унапредуваат правата на лицата со попреченост.

Ги охрабруваме сите граѓани, кои ги исполнуваат условите, да се пријават со локалните центри за социјална работа за навремено да ги остварат правата што им следуваат.

Скопје, 29.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести