fbpx

Нова лага на ВМРО-ДПМНЕ, не е точно дека има поскапување на цените на детските кардиоваскуларни операции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нов ден, нова лага од белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се обиде да ги излаже граѓаните преку пласирање на лажни вести и невистини.

Не е точно дека цените на детските кардиоваскуларни операции се зглолемени, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Како што јавно соопшти Министерството за здравство вистината е дека нема промени во цената на овие услуги и тие остануваат бесплатни, односно на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Целосно неосновани се и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно зголемување од околу 20% по процедура за детска кардиохирургија. Цената по процедура е иста во Клиниката Жан Митрев, како што беше и на детската кардиохирургија.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски е целосно посветена на лажните вести и веќе нема ниту идеја да излезе од матрицата на лаги и деструкции во која е длабоко завлезена.

 

Скопје, 27.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести