fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се уште молчи и не кажува, кога ќе поднесат оставка нивните пратеници кои се обвинети за криминал?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитник на криминалот се уште молчи и не кажува кога нивните пратеници кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието?

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и согласно законот ќе гласаат ЗА одземање на неговиот мандат?

Се додека во белиот дворец молчат по овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет да зборува за морал, чесност и одговорност.

Повлекувањето од функцијата пратеник на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ тоа се уште е непозната категорија.

Скопје, 26.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести