fbpx

Мицкоски не може да ја види визијата за нашата земја, зашто е опиен од криминалот и валканите пари на белиот дворец во кој е седнат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години државата и граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, додека ВМРО-ДПМНЕ за изживуваше со граѓаните а нивните парите ги трошеше на палми, жални врби, барок и споменици.

11-те розеви години на ВМРО-ДПМНЕ се 11 мрачни години за граѓаните на нашата татковина.

Заради справување со сиромаштијата што ја остави ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ ја зголемува социјалната помош за 300 отсто, за директна помош на 30.000 сиромашни семејства.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот и успешните реформи, па почна дури да се фали и со мерките на СДСМ. Мицкоски стана промотор на социјалните мерки како таа за намалување на ДДВ-то за парно од 18 на 5 проценти.

Дури и со розеви очила, Мицкоски не може да ја види визијата за нашата земја, затоа што е опиен од криминалот и валканите пари на белиот дворец во кој е седнат.

Скопје, 26.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести