fbpx

На тема одговорност, сега има едно прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети да поднесат оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски  претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија.

Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отвори најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и ќе  гласаат ЗА одземање на неговиот мандат?

Се додека опозициската партија не даде одговор на овие прашања нема минимум кредибилитет да зборува за морал и одговорност.

 

Скопје, 25.05.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести