fbpx

Државата пропаѓаше 11 години додека ВМРО-ДПМНЕ се богатеше, денес државата оди напред, се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Државата пропаѓаше 11 години поради криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се богатеа, а парите ги трошеа на криминални тендери, барок и споменици, граѓаните тонеа во долгови и сиомаштија.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо освен деструкција, лицемерие и лажни вести кои се единствен начин на нивно делување. 

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот на државата. Не може да се помири со тоа што државата станува 30 земја членка на НАТО и наскоро ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека растат платите, дека социјалната помош се зголемува за300 отсто, а опфатот на деца кои ќе стекнат детски и образовен додаток е за 20 пати поголем.

Само на антинародното ВМРО ДПМНЕ му пречи тоа што државата оди напред, и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Без разлика дали на ВМРО-ДПМНЕ му се допаѓа или не, државата продолжува по патот што води кон развој, напредок и интеграција. Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на лажните вести и деструкциите.

 

Скопје, 29.05.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести