fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух во Скопје, само создава хаос

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Деновиве Скопје повторно е меѓу најзагадените градови на светот, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо да го спречи загадувањето.

ВМРО-ДПМНЕ ги погази ветувањата дадени пред граѓаните во предизборната кампања, дека ќе реализира мерки за да го спречи загадувањето.

Наместо тоа создава само хаос и го поттикнува загадувањето. Во текот на оваа година за три пати ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџето.

Значително ги намалија средствата за субвенции за купување инвертори.

Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба.

Нема ни еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат нови.

Граѓаните дишат загаден воздух, градот е нечист, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи за тендери, провиизии, за чии раце се во медот.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци.

Последни вести