Соопштение за јавност
Поразената ВМРО-ДПМНЕ си вергла по старо, едни исти невистини, лажна загриженост, ништо ново, далеку од јавниот интерес и интересите на граѓаните.
Епидемијата од морбили е резултат на падот на колективниот имунитет, поради криминалните, катастрофални политики токму на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години, уништувањето на здравствениот систем и целосната негрижа за здравјето на граѓаните.
Дури и прогласувањето на епидемијата ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше, а ако не се случеше ситуацијата сега ќе беше алармантна.
Министерството за здравство ги презема сите потребни мерки и чекори за заштите на здравјето на граѓаните. Меѓу другото се спроведува и акцијата за вакцинирање и ревакцинирање, со што веќе над 24 илјади вакцинирани дечиња од почетокот на епидемијата.
Простор за паника нема, граѓаните ги следат препораките на Министерството и не подлегнуваат на невистините што ги шири ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до јавните набавки во Министерството за здравство, јавното обвинителство за гонење организиран криминал јавно потврди дека се кристално чисти и законски.
Паѓаат во вода сите обиди за ширење невистни од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нивната лажна загриженост е препознаена од граѓаните.
Скопје, 18.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА