Соопштение за јавност
Собранието на Република Северна Македонија повторно ги изгласа законите што се во интерес на државата и граѓаните, а кои беа намерно блокирани од Ѓорге Иванов, кочничарот на реформскиот процес.
Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси.
Со Законот за прекинување на бременоста, се исправа долгодишна неправда кон жените и овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје. Со него не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото
Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем.
Освен зајакнување на правосудниот систем со овие закони се постигнува напредок во реформскиот процес, важен за евроинтегративниот процес на државата.
Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период.
Како одговорна партија оснатуваме посвестени на процесот на градење стабилна, просперитетна и економски развиена европска држава.
Скопје, 18.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИ